Контрола на висока светлина (HBA)
Предните светла се карактеризираат со најсовремена LED технологија која во комбинација со природната боја на светлината и долгиот животен век, испорачуваат значително помала потрошувачка на енергија за разлика од халогените светла. Во автоматски режим, додека се активни долгите светла, (HBA) ги открива возилата што доаѓаат од спротивна насока и оние во истата лента пред вас во текот на ноќта и ги менува долгите светла во кратки доколку е потребно, со што се намалува блесокот према другите возачи. Кога нема други возила на патот, системот повторно автоматски ги вклучува долгите светла.