Порака
Извршен директор и претседател

Chung Mong-Koo

Ќе ја засилиме нашата конкуренција во иднина, правејќи храбри инвестиции за развој на иновативни технологии, ќе го засилиме капацитетот за развој на производот, ќе го подобриме квалитетот на нашата служба за корисници и ќе ја зголемиме вредноста на нашиот бренд како лидер во глобалната автомобилска индустрија.
 

Засилување на конкуренцијата со иновации и храбри инвестиции

И покрај непостојаните услови на пазарот, Hyundai Motor направи голем чекор кон иднината во 2014. Продажбата повторно порасна, достигнувајќи ја дотогаш највисоката годишна продажба на 4,96 милиони единици. Дополнително, Hyundai Motor го засили своето присуство на пазарот во однос на важни индикатори, како квалитет, конкуренција на производ и вредност на брендот.

На пример, Hyundai Motor беше рангиран на прво место во J.D. Power’s Initial Quality Study (IQS) во САД, и второ место во Vehicle Dependability Study (VDS) во Кина. Нашиот седан предводник Genesis, како и новата Sonata и новиот i10, исто така добија одлични рецензии, демонстрирајќи ја силната конкуренција на производи на Hyundai Motors. Avante (Elantra) стана првиот модел на Hyundai Motor кој го достигна прагот од 10 милиони продадени единици, а продажниот волумен на девет модели достигна повеќе од 100.000 продадени единици во земји како Јужна Кореја, САД и Кина во 2014, демонстрирајќи ја популарноста на брендот Hyundai Motor насекаде во светот. Hyundai Motor ја потврди својата конкурентност во следната генерација на технологија кога моторот на Tucson (ix35) Fuel Cell беше наведен како еден од „Десетте Најдобри Мотори“ на Ward. Вредноста на брендот Hyundai Motor, уште еднаш, значително се зголеми искачувајќи се на 40-то од 43-то место во 2013 г., според консултантската фирма за глобални брендови, Interbrand.

Во 2015 Hyundai Motor цели да го достигне прагот на продажба од 5,05 милиони единици и понатамошно да ја зацврсти лидерската позиција на светскиот пазар. Ние планираме да направиме храбри R&D инвестиции за дополнително да го подобриме квалитетот, да придонесеме за поголемо задоволство на корисниците и да ја засилиме идната конкуренција. Посилен акцент ќе биде ставен на докажување на квалитетот во фазата Дизајн на производ, и обидот да се подобри квалитетот ќе биде координиран со синдикатот, за да се постави нов пример за квалитет на автомобилите.

Исто така, ќе направиме огромни подобрувања на искуството на нашите корисници во однос на продажбата и услугата. Со обезбедување на комплетно задоволство кај корисниците, Hyundai Motor ќе стане омилен бренд.

Во 2015 планиравме да се фокусираме на R&D инвестиција за да ја засилиме нашата конкурентност и да развиеме нови технологии за нашата иднина. Попрецизно, ќе инвестираме во развојот на иновативните технологии за подобрување на ефикасноста на горивото како и зелени и паметни технологии. Hyundai Motor ќе се води од идејата да стане автомобилска компанија која ќе ги надмине очекувањата на корисниците во секој домен.

Соочувајќи се со секогаш растечка несигурност, ќе основаме органска структура на соработка помеѓу погоните за производство и мрежата на продажба, со цел да се подобри целокупната ефикасност на нашето глобално производство и продажни операции, во крајност подобрувајќи го нашиот капацитет да се постигне поддржан раст.

Најпосле, ќе имаме за цел да станеме одговорна глобална корпорација, зголемувајќи го обемот и нивото на нашиот придонес во социјалните активности, насекаде низ светот. Ќе направиме поголем труд за да осигураме заеднички раст со добавувачите и ултимативно да придонесеме за подобар живот на сите наши засегнати страни.

Ве замолувам за Ваша континуирана поддршка и интерес во иднина.

 

Ви благодарам.

Извршен директор и претседател Chung Mong-Koo

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.