Сè во ново поглавје.

Мал електричен автомобил со голем став, INSTER го редефинира она што можете да го очекувате од возило во оваа класа. Фокусиран на пространост - со препознатлив дизајн кој не се плаши да биде смело впечатлив - осмислен е како совршен простор за вас. Време е да откриете сè што нуди INSTER. Дали сте подготвени?

Живо, брзо, јееах!

Живо, брзо, јееах!

Уживајте во „zip & zoom“ чувството на електрично забрзување. INSTER забрзува од 0 до 100 km/h за само 10,6 секунди. 

Здраво, патување!

Здраво, патување!

Збогум грижи за дометот. Со водечки домет во својата класа до 370 km, INSTER носи попаметна мобилност. 

Тргни кога и да посакаш.

Тргни кога и да посакаш.

Кога мораш да одиш - одиш. А со максимална брзина од 150 km/h, INSTER може да те однесе таму побрзо, секогаш кога ќе посакаш.

Совршен за мали простори и големи моменти.

Совршен за мали простори и големи моменти.

Кога станува збор за снаоѓање во тесни улици и паркирање на ограничени места, ќе ја засакаш освежувачката подвижност на овој паметен градски автомобил.

Уживајте во изобилство од исклучително прилагодлива флексибилност.

Сите седишта целосно се спуштаат, што го олеснува одморот или товарењето поголеми предмети. Задните седишта можете да ги поместите нанапред за 16 cm и така да го зголемите капацитетот на багажникот од 238 на 351 литар.

Уживајте во изобилство од исклучително прилагодлива флексибилност.
Чекањето е минато. Брзото полнење сега е стандард.

Чекањето е минато. Брзото полнење сега е стандард.

INSTER може да се наполни од 10 до 80% за само 30 минути³ - така што на полнач ќе поминете онолку време колку што ви треба за кафе и проверка на пораки.

Полнете лаптоп или електричен тротинет.

Напојувајте или полнете било кој уред благодарение на функцијата Vehicle-to-Load. Адаптерот се приклучува на надворешниот приклучок за полнење или можете да користите внатрешен штекер - двата извора обезбедуваат моќност до 3,6 kW.

Полнете лаптоп или електричен тротинет.
Електрифицирачки перформанси.

Електрифицирачки перформанси.

Со функции како Vehicle-to-Load технологијата, новиот INSTER може да биде опремен со избор помеѓу батерија од 42 kWh или батерија со долг дострел од 49 kWh.

Батерија: 42 kWh & 49 kWh
Максимална брзина: 150 km/h
Забрзување: 10,6 секунди
Досег: до 370 km

Сè за паметна мобилност.

Сè за паметна мобилност.

Покрај водечкиот домет во класата и извонредните перформанси на полнење, INSTER нуди најкомплетен пакет технологии во сегментот, со мноштво напредни безбедносни системи и системи за помош на возачот.

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.