Динамичен и стилски

Со динамично подобрување на својот експресивен дизајн, овој впечатлив градски автомобил и дава ново значење на старата поговорка дека добрите работи доаѓаат во мали пакувања.

Со својот спортски став, новиот i10 остава храбар впечаток благодарение на нискиот покрив и долгото меѓуоскино растојание. Неговиот елегантен и динамичен дизајн создава контраст помеѓу меките површини и острите линии. Дизајнот е инспириран од обликот на човечките мускули во атлетската спортска облека.

Динамичен и стилски
Електрични преклопливи ретровизори

Електрични преклопливи ретровизори

Безбедноста и убавиот изглед се подобрени со електрично преклопување на ретровизори со интегрирани LED индикатори. Тоа е најдобриот пример за стандардна опрема што може да се види само во повисоките сегменти.

Уникатен дизајн на столбови

Уникатен дизајн на столбови

Од страните на i10, линијата на прозорците грациозно се протега во карактеристичниот столб C во облик на Х. Оваа уникатна карактеристика јасно го идентификува автомобилот и го привлекува погледот кон логото i10.
Затемнети задни прозорци

Затемнети задни прозорци

Затемнетите прозорци се уште еден префинет детал и обезбедуваат поголема приватност. Во исто време, тие помагаат да се одржи температурата во автомобилот пониска при сончево време.

Динамична и појасна линија

Динамична и појасна линија

Од страните на автомобилот, јасната и спортска каросерија е обликувана да обезбеди максимален внатрешен простор. Елегантната појасна линија дополнително го нагласува динамичниот изглед на надворешноста на i10.

Внатрешност

Во внатрешноста на стилската кабина со едноставен и модерен изглед, ви посакуваат добредојде прецизните дезени и свежи текстури. Атрактивната 3D шема со саќе на контролната табла и панелите на вратите му дава на ентериерот спортски изглед. Кружните отвори за воздух визуелно ја продолжуваат контролната табла во облогата на вратата и создаваат чувство на просторност и ширина. Изберете една од четирите различни комбинации на бои за да го персонилизирате  совршениот ентериер.
Внатрешност

Спектакуларно простран

Спектакуларно простран
Мултимедија екран од 8 инчи

Мултимедија екран од 8 инчи

Уживајте во удобноста на безжично пресликување на вашиот паметен телефон на екранот на допир од 8" со Apple CarPlayTM и Android AutoTM.
Дигитална инструмент табла

Дигитална инструмент табла

4,2" целосно дигитална LCD инструмент табла ви овозможува лесен и читлив пристап до широкиот опсег на системите на возилото и информации за возачот.

Спортски дизајн на контролната табла

Спортски дизајн на контролната табла

3D шаблонот со саќе на контролната табла и на вратите му дава на ентериерот спортски изглед. Кружните отвори за воздух визуелно ја продолжуваат контролната табла во облогата на вратата и создаваат чувство на ширина и поголем простор.
Предни амбиентални светла

Предни амбиентални светла

Претворете ги вашите ноќни возења во посебно возачко искуство. Новото предно LED сино амбиентално осветлување создава особено опуштена атмосфера.
Стилизирани отвори за циркулација на воздухот

Стилизирани отвори за циркулација на воздухот

Кружните отвори за проток на воздух се поставени на панелот на контролната табла и изгледаат едноставно и модерно. Нивното проширување во облогата на вратата го нагласува чувството на простор.

Посебно стилско искуство со виолетовиот пакет

Посебно стилско искуство со виолетовиот пакет

Виолетовиот пакет располага со седишта од тартан ткаенина со вертикални виолетови ленти, како и светло-виолетов штеп на управувачот.

Загреван управувач

Загреван управувач

Загреваниот волан има ергономски позиционирани контроли, така што можете лесно да останете поврзани додека возите.

Загревани предни седишта

Загревани предни седишта

Убаво и топло во зима. Уживајте во удобноста на достапните загревани седишта во студените денови. Тие се загреваат многу брзо за да се зголеми удобноста.

Cenovnik, tehničke karateristike, brošura

Dokument Naziv Link
PDF dokument | 0.47MB Ценовник ново i10
PDF dokument | 0.45MB Ценовник ново i10 N-Line
PDF dokument | 0.4MB Акциски ценовник Hyundai i10

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.