За компанијата

Компанијата е основана во 1997 година како Ми-Да Моторс, додека во 2012-та со промени во сопственичката структура се ре-брендира во Ми-Да Гранд Моторс.

Нашата Мисија

Мисијата на Ми-Да Гранд Моторс се заснова на овозможување на задоволството на нејзините клиенти пред се, па потоа на сите други нејзини коминтенти. Обезбедувањето на доверливи, квалитетни автомобили е во примарниот фокус, но потоа тоа остава голема одговорност за задржување и оправдување на довербата кај потрошувачите.  Постојаниот развој и надградување на кадарот и квалитетот на услугите прават нашата компанија да биде препознатлив бренд кој несомнено ги обезбедува постулатите на кои се заснова. Ми Да Гранд Моторс во себе вклучува тим од професионални индивидуи кој се во чекор со новото време и новите технологии бидејќи и само така ќе биде на нивото  кое носи успешни резултати. Компанијата е основана во 1997 година како Ми-Да Моторс а во 2012-та со промени во сопственичката структура се ре-брендира во Ми-Да Гранд Моторс.

Нашата визија

Визијата на Ми-Да Гранд Моторс е обезбедување на граѓаните автомобили кои се доверливи, квалитетни, безбедни, со најнапредни технологии и се тоа спакувано да биде достапно за различните профили на луѓето. Ние учиме од примерите од минатото делуваме во сегашноста и проектираме безбедно во иднината, колку за нашата организација толку повеќе за сите наши соработници

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.