Прв електричен компактен SUV

Ви ја претставуваме револуционерната KONA Electric, модел кој комбинира смел и простран стил карактеристичен за SUV возилата со импресивно електрично возење.

Прв електричен компактен SUV

Препознатлив и единствен

KONA Electric се издвојува од толпата со својот убедлив и неповторлив стил. На предната страна, елегантната затворена решетка гордо го чува електричниот погон - и заедно со двојните LED светла карактеристични за моделот на KONA, овој автомобил остава навистина воодушевувачки впечаток. Со 17 "ексклузивни алуминиумски фелни и избор помеѓу 7 бои на каросеријата и 3 контрастни бои на покривот, можете да ја обоите Вашата KONA Electric согласно со Вашиот личен стил. Овој компактен SUV исто така Ви нуди и безкомпромисно најдобар ентериер!

Удобност и пространост

Удобност и пространост

Најновата KONA Electric е така дизајнирана што може да собере сè што Вие и Вашиот урбан живот ќе ставите во неа - простор за многу патници и енормен простор во багажникот од 373 литри (VDA). Но, она што вистински ја прави KONA посебна е вниманието кое што е посветено на деталите. Откријте потполно ново ниво на комфор во кабината направена од високо квалитетни материјали за сензуално и префинето чувство. Удобноста е уште поголема покрај електричните предни седишта со вградени системи за греење и вентилација и системот за греење на воланот. 

Дупли задни

Дупли задни

LED светла

LED светла

17

17" алуминиумски фелни

Паметна технологија

Импресивни перформанси

Неверојатно забавна за возење

Никој не рече дека електричното возење мора да биде здодевно. После секавичниот старт благодарение на вртежниот момент од 395 Nm со потполно електричен погон, овој спортски SUV забрзува од 0 до 100 км/ч за само 7,6 секунди на 64kWh. Вие изберете го Вашиот омилен опсег со избирање на една од двете верзии на батерии според максималната должина на патувањето со едно полнење: 39,2 kWh верзија со максимална 345km (претворена во NEDC циклус) и 64 kWh верзија со максимална 482km според WLTP циклусот (546km претворена во NEDC циклус).

Импресивни перформанси

Сликите се за верзија на батерии од 64 kWh. Презентираните информации се во согласност со регулативите на WLTP (Постапка за тестирање патнички и лесни товарни возила унифицирани низ целиот свет), со кои се мери потрошувачката на горивото и енергијата и опсегот на емисијата на штетни гасови на патничките возила во Европа. Така, се добива пореала слика за состојбата на возењето на автомобили. Според циклусот NEDC (нов европски циклус на возење).

Електричното возење во најдобро издание

Електричното возење во најдобро издание

Електронски менувач на копче

Сè што Ви е потребно Ви е на дофат - префрлете се од позиција за возење во неутрална позиција, рикверц или паркирање преку команди на контролите во централната конзола. Исто така, тука е и електрична сопирачка за паркирање. Централната конзола со електронски контроли е она што најмногу ја прави KONA Electric поразлична од конвенционалниот модел на KONA.

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.