Најширок спектар на електрифицирани погонски склопови

Развиен да ја намали емисијата и воедно да пружи забавно возење, потполно новиот Tucson нуди најширок опсег на електрични погонски склопови во сегментот на компактни SUV возила. Можете да изберете помеѓу верзијата  од бензиски и дизел 48благ хибрид или plug-in хибрид. Конвенционалните бензиски и дизел опции се исто така достапни. 

Најширок спектар на електрифицирани погонски склопови

Хибрид 

Ефикасност на електрификацијата. Хибридот се покренува со новиот 1.6 литарски T-GDi Smartstream бензиски мотор и електромотор со 44,2kW, со 1,49 kWh литијумјонска полимерна батерија со комбиниран вкупен излез од 230кс. 
 

Plug-in хибрид 

Електричен кога вие ќе посакате. Бензинец кога вам ви е потребно. Plug-in хибридната верзија на потполно новиот Tucson со 1.6 литарски T-GDI мотор исто така ќе биде достапна. 
 

48благ хибрид 

Заштедете гориво и намалете ја емисијата со 48V благ хибриден систем. Он го поддржува моторот со внатрешно согорување со дополнителен вртежен момент во текот на забрзувањето и кога тргнувате. 

 

1.6T-GDI 150 кс Smartstream бензиски мотор.

1.6 T-GDI Smartstream бензискиот мотор е достапен со 150кс, 6 степен рачен менувач и погон на 4 или на 2 тркала. Опремен е со единствената технологија на Hyundai со континуирано варијабилно траење на вентилите (CVVD), која ги оптимизира перформансите на моторот и ефикасноста во потрошувачката на гориво, додека истовремено е и eco-friendly. 

1.6 T-GDI 180 кс Спортски бензинец

Ако сте заинтересирани за спортски погонски систем, напредниот 1.6 литарски T-GDI бензиски мотор ви носи 180кс. Достапен е со мек пренос на 7-степениот менувач со дупла спојка (7DCT) со погон на две или четири тркала. 

1.6 CRDi 115кс Smartstream дизелски мотор

1.6 литарски Smartstream дизелски мотор ќе биде достапен со 115 кс и 6-степен рачен менувач со погон на две тркала. 

1.6 CRDi 136кс Спортски дизел.

136 кс 1.6 литарскиот CRDi мотор е опремен со 7-степен менувач со дупла спојка (7DCT) и можете да ја изберете варијантата со погон на две или четири тркала. 

​Високи перформанси. Помала емисија. CVVD технологија на моторот.

Hyundai ја разви првата технологија на светот со континуирано варијабилно траење на вентилите (CVVD). Оваа технологија ги оптимизира перформансите на моторот и ефикасноста при потрошувачката на гориво, додека истовремено е и eco-friendly. Технологијата ги контролира вентилите и го регулира времетраењето на отварање и затварање на вентилите во склад со условите на возењето. 

HTRAC Погонски систем со погон на сите тркала.

HTRAC Погонски систем со погон на сите тркала.

Лошо време? Остри кривини? Нема проблем. Иновативниот HITRAC погонски систем на сите тркала нуди оптимално управување и оптимални перформанси при вртење. 

Електронски контролирано потпирање (ECS)

Електронски контролирано потпирање (ECS)

Уживајте во подобрено управување. Контрола на силата на пригушување на секое тркало посебно. ECS го намалува тркалањето, висината и вертикалното движење со што се подобрува возењето и управувањето. 

Погон за возење.

Погон за возење.

Изберете погон за возење кој одговара на вашето расположение! Изберете Normal, Eco или Sport. Секој погон испорачува различно забрзување, точка на пренос и ефикаснос при потрошувачката на гориво. 

Cenovnik, tehničke karateristike, brošura

Dokument Naziv Link
PDF dokument | 3.17MB Hyundai Tucson Каталог
PDF dokument | 0.49MB Hyundai Tucson Ценовник
PDF dokument | 0.46MB Hyundai Tucson Hybrid Ценовник
PDF dokument | 0.42MB Tucson N-Line Ценовник
PDF dokument | 0.64MB Акциски ценовник Hyundai Tucson
PDF dokument | 0.43MB Акциски ценовник Hyundai Tucson HEV

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.