Потполн мир во возењето – Hyundai SmartSense™

Hyundai SmartSense е нашиот најнапреден систем за помош на возачот, дизајниран да Ви овозможи поголемо чувство на безбедност. Од сопирање, за да избегне судири, до откривање на ќор-сокак, хибридната Kona постојано ја следи Вашата околина за да ве заштити од потенцијални опасности додека возите.

Автономен систем за сопирање (AEB) со систем за препознавање на пешаци и велосипедисти.

Автономен систем за сопирање (AEB) со систем за препознавање на пешаци и велосипедисти.

Како опција со моделите SE и Premium и како стандард со Premium SE, во понудата е AEB систем, кој користи предна камера и сензори за радари за снимање на сообраќајот. Ако системот открие потенцијален судир со возило, пешак или велосипедист, ќе го предупредува возачот, автоматски ќе го забави или стопира возилото доколку е потребно.

Систем за одржување во лента (LKA)

Систем за одржување во лента (LKA)

Стандардниот систем користи предна камера за да ги следи линиите на патот. Ако постои можност за случајно скршнување од лентата, системот прво ќе го предупреди возачот и доколку е потребно, да употреби контра-вртежен момент за да го врати возилото во линиите на лентата.

Предупредување за мртви агли (BSD)

Предупредување за мртви агли (BSD)

Како опција кај SE и Premium моделите системот го известува возачот за возилата кои му влегле во мртвиот агол и возилата кои го разминуваат. Возачот е така информиран за возилата кои се позaди него или го обиколуваат, а  би се нашле во агол кој не е лесно да се види на страничните и средниот ретровизор. Информацијата се прикажува на страничните ретровизори.

Паметна контрола на возењето (SCC) Темпомат

Паметна контрола на возењето (SCC) Темпомат

Овој систем, понуден како опција, може да го направи возењето полесно и побезбедно. Со брзина поголема од 8 км на час, Kona Hybrid користи преден радарски сензор за да ги следи возилата напред и автоматски ја одржува поставената брзина додека одржува безбедно растојание од возилото напред, употребувајќи  гас и сопирање кога е потребно.

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.