Технологија која ве сака.

Целосно новата Sonata ги освојува срцата и умовите со своите напредни технологии кои се грижат за вас. Нејзините напредни технологии за помош на возачот работат беспрекорно во позадина за да ве ослободат од грижи и стрес додека возите, за да можете да возите подобро, попаметно и побезбедно. Од стилизиран ентериер до динамично возење, Sonata проектира сензуална спортска активност која служи како водечки концепт во нејзиниот развој. Бидејќи современите возачи сакаат паметно и персонализирано искуство, Sonata одговара на предизвикот со пакет за поврзување и практични функции. Без разлика на вашиот животен стил, Sonata одлично ќе се вклопи, што ќе ви ја отвори вратата на сосема нов свет на уживање и слобода во возењето.

Технологија која ве сака.

Технологија која ве инспирира.

Sonata поседува совршен дизајн кој нуди многу повеќе од само будење на емоциите. Таа ни пружа големи задоволства со своите иновативни дизајнерски функции како што се скриените градијант технолошки осветлувања. Високотехнолошкиот изглед на Соната е нагласен со LED комбинација на задните светла и со достапни целосно LED предни светла. За изразитоста која нагласува високи перформанси, Hyundai исто така доколку сакате нуди 18” алуминиумски фелни со врвните Pirelli гуми. 

Технологија која ве инспирира.

Чекор поблиску до совршенство.

Влезете во новата Sonata и откријте дека совршенството во возењето е поблиску од кога било. Тоа би требало да биде добра вест, бидејќи никој не е совршен: грешки се случуваат, но напредните технологии за помош на возачот на Sonata можат да го идентификуваат проблемот пред вас и да преземат корективни мерки за возењето да биде побезбедно и подобро.

Сите детали на Sonata се навистина нови, но сите клучни точки на контакт се толку познати и инстинктивно ги користиме со чувство на целосна доверба. Новата Соната ве приближува до совршенството во возењето од кога било досега.

Чекор поблиску до совршенство.

Звук што ве прегрнува.

Премиум аудио системот BOSE Sonata создава извонредно звучно искуство, кое е толку зачудувачки реално и јасно што се чувствувате како навистина да сте на самиот извор на звукот. Ова подобрување доаѓа со дванаесет акустички подесени звучници, централен опкружувачки звук и динамична компензација на брзината што ќе направи да се чувствувате како да сте телепортирани во студио за снимање. Bluetooth, сега инсталиран како стандардна функција, дополнително го подобрува искуството на слушање преку обезбедување на придобивките од поврзувањето без раце со вашиот паметен телефон.

Звук што ве прегрнува.

Cenovnik, tehničke karateristike, brošura

Dokument Naziv Link
PDF dokument | 3.3MB Hyundai Sonata Каталог
PDF dokument | 0.36MB Hyundai Sonata Ценовник

hyundai-mk.mk користи колачиња и ја почитува Вашата приватност! Колачињата ги корисстиме за различни цели како што се функционалност на веб страната, за подобро искуство, интеграција со социјалните мрежи. Продолжувајќи ја вашата посета на веб страната, се согласувате да ги користиме колачињата, но не и личните податоци.